Без вода корисниците на улица „Сердарот“ и Долно Лисиче

178

Од 8.30 часот денеска прекинато водоснабдување имаат корисниците од улицата „Сердарот“ и Долно Лисиче. Причината за прекинот е дефект на улица „Сердарот“, бб, после пругата.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопштија дека прекинатото водоснабдување ќе трае до санирање на дефектот.

Поради дефект на улица „1“, бб, oд 10.05 часот е прекинато водоснабдувањето за корисниците во село Љубанци поради уличен дефект на ул.1 бб.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопштија дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.