Без вода корисниците на улица „Бањалучка“

29

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на улица „Бањалучка“, број 20, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите.

Прекин на водоснабдувањето денеска од 10:20 часот ќе имаат корисниците на булевар „Партизански одреди“, на потегот околу ТЦ „Буњаковец“.

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на булеварот „Партизански одреди“, број 43.