Без вода корисниците на дел од улицата „Миле Поп Јорданов“ во Козле

92

Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од улица „Миле Поп Јорданов“ во населба Козле, од број 27 па броевите нагоре.

Како што информира јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинатото водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа, на улицата „Миле Поп Јорданов“, на раскрсницата со улица „Брадфорска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот.