Без вода корисниците во Маџир Маало

41

Прекин на водоснабдувањето денеска од 09:00 часот ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало во скопската општина Центар.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради уличен дефект на улица „Раде Јовчевски Корчагин“, број 17.