Без вода денеска дел од село Батинци и улиците „Иван Манолев“ и „Алпи“

33

Без вода денеска од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците од село Батинци.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на улица „7“.

Освен тоа, денеска поради уличен дефект на приклучна водоводен мрежа на улица „Иван Манолев“ број 167, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица и улица „Алпи“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на дефектот.