Без вода дел од „16-та Македонска Бригада“, „Трифун Хаџијанев“ и „Козле“, а и Батинци и Љубош

468

Поради дефект на вентил во шахта на улицата „Трифун Хаџијанев“ 3 во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од улиците „16-та Македонска Бригада“ и „Трифун Хаџијанев“.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.

Поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 на улицата „Козле“ 17 во населба Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од бр.1 до бр.55, во периодот од 09:30 часот до изведување на приклучокот.

И населбите Батинци и Љубош денеска ќе немаат вода поради дефект на водоводната мрежа.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот до поправка на дефектот.