Без вода дел од Чаир и Центар

25

Прекин на водоснабдувањето од 11:30 часот ќе имаат дел од корисниците во општините Чаир и Центар.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на улица „Џон Кенеди“, број 58, а со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од оваа улица како и „Јоаким Крчовски“, „Банатска“ и дел од улица „Самоилова“.