Без вода дел од улиците „Фрањо Клуз“, „Свети Наум Охридски“ и „Благоја Гојан“

71

Без вода денеска ќе бидат дел од улиците „Фрањо Клуз“, зграда број 2 и 3, „Свети Наум Охридски“ и дел од „Благоја Гојан“.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје, по добиеното известување од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, е поради дефект на шибер на улица „Фрањо Клуз“, број 14, односно поради дефект на шибер на улица „Свети Наум Охридски“, раскрсница со улица „Востаничка“. 

ЈП „Водовод и Kанализација“ известува дека денеска, од 10:00 часот, без вода ќе бидат и корисниците од улица „1“ во село Батинци, општина Студеничани.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на улица „1“, бб во село Батинци се до неговото санирање.