Без вода дел од жителите на Кисела Вода

250

Без вода денеска ќе бидат дел од жителите на населбата Кисела Вода, известија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Оттаму, информираат дека заради промена на затворачи на водоводна мрежа на улицата „Христо Татарчев“ број 14, после Пумпената станица во населба Кисела Вода, денеска со почеток од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од подулиците со броевите 14, 16, 17, 19, 20, 21 и 22 во Општина Кисела Вода.