Без англиски клубови во ЛШ и ЛЕ

261

Фудбалскиот свет не бил во поголема криза од таа во која се случи за време на Втората светска војна. Поради пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19, сите лиги се прекинати, а никој со сигурност не може да потврди кога и дали ќе бидат продолжени националните шампионати.

Челниците во најквалитетните европски лиги инсистираат по секоја цена да бидат завршени актуелните сезони, односно на зелениот терен да се добијат новите шампиони и колку-толку да се амортизира финансиската загуба. Сепак, голем е бројот и на тие кои сметаат дека фудбалската игра нема никакво значење поради здравствената криза и дека првенствата мора да бидат поништени.

Поранешниот репрезентативец на Италија, Анџело ди Ливио, побара веднаш да се поништи актуелната сезона поради коронавирусот кој само во Италија предизвика смрт на повеќе од 10.000 луѓе.

  • Дојде време се да се затвори и да се откаже сезоната. Мислам дека единствена исправна одлука ќе биде таа да се откаже сезоната и да се започне нова од јули или август. Само така ќе го спасиме италијанскиот фудбал, изјави Ди Ливио.

Слично размислува и поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.

  • Гледајќи од оваа перспектива, не можам да замислам дека фудбалската игра ќе продолжи за три или четри месеци. Луѓе, па ние сега сме како во затвор. Како некој може да мисли дека ќе се игра фудбал, кога полициските и лекарските служби нема да бидат достапни во следните неколку месеци? Тие луѓе ќе им бидат потребни на тие кои се заразени, изјави Невил.

За разлика од Ди Ливио и Невил, челниците во УЕФА сметаат дека актуелната сезона мора да биде комплетирана, без разлика на кој начин. УЕФА даде краен датум – 30. јули, до тогаш мора да бидат познати сите шампиони, но јасно е како ден дека тој датум ќе биде поместен до крајот на август.

  • Големе  бројот на клубови од Премиер лигата кои бараат веднаш да заврши актуелната сезона и новата да започне кога ќе се поправи целата ситуација. Тие се за таква опција иако Ливерпул ќе остане без шампионската титула која ја чека 30 години, пишува The Athletic.

Англиските медиуми пишуваат дека УЕФА има испратено строго предупредување до сите клубови: тие кои ќе ги прекршат правилата од Нион и го поништат целото првенство, ќе останат без место во европските клупски натпреварувања. Ако се случи тоа, премиерлигашките клубови следната сезона нема да се натпреваруваат во Лигата на шампиони и Лига Европа. Премиер лигата сигурно нема да продолжи до 30. април, а сезоната ќе биде поништена доколку 14 од 20 клуба побараат такво нешто.