БЕГ задолжена со 285 милиони денари кон државата, оди во ликвидација

184

Компанијата „Балкан енерџи груп“ која до пред една година ги затоплуваше скопјани со парно греење, ќе оди во ликвидација иако има неисплатен долг кон државата во износ од 285 милиони денари, кој ѝ беше даден како заем и кој го доби за купување природен гас на почетокот од енергетската криза.

БЕГ потоа се откажа од вршењето на дејноста, поради финансиски проблеми. Регулаторната комисија за енергетика ѝ ги одзеде лиценците и бизнисот со топлинска енергија го презеде „ЕСМ Снабдување“, меѓутоа БЕГ не успеа да се раздолжи со заемот. Крајниот рок е 31 март годинава.