Бегал од разбојници, па завршил со лисици

54

Британските медиуми ја пласираа информацијата дека напаѓачот на Стоук, Саидо Берахињо е уапсен во понеделникот наутро.

Лондонската полиција околу три часот по полноќ добила дојава дека пред ресторанот „VQ“ има инцидент. Во моментот кога полицијата пристигнала пред споменатиот ресторан, кој инаку работи цела ноќ, Берахињо со својот автомобил се оддалечувал од местото на настанот.

Кога полициските службеници го застанале, напаѓачот на Стоук изјавил дека бега од разбојници кои се обиделе да го ограбат. Сепак, со лисици на рацете завршил токму Берахињо и тоа поради сомнение за возење во алкохолизирана состојба.

Откако бил уапсен, фудбалерот од Бурунди, откри дека на полицијата и рекол дека групата разбојници се обидела да му го украдат автомобилот, но тоа не може да им гарантира бидејќи сам седел во него (нема сведоци).

  • Видов дека излегува од тој дел на ресторанот каде што се слушаше бучава. Се расправаше со некои луѓе. Ми се чини дека тие излегоа од својот автомобил, но тоа не можам да го гарантирам, бидејќи седев внатре, изјави сведок од настанот за „Сан“.

Инаку, 25 – годишниот фудбалер ја започна кариерата во ВБА, а во јануари 2017 година беше продаден во Стоук за 14 милиони евра.