Бев мрачен човек, мотото ми беше „убиј или биди убиен“

164

Мајк Тајсон со години е познат како човек кој често ја минуваше границата пред борбите што ги имаше. Честопати „железниот Мајк предизвикуваше конфликти со противниците и неговиот тим, но таквите работи се зад него и сега Тајсон е сосема нов човек.

Во својот подкаст тој откри зошто често предизвикувал конфликти пред борбите и зошто ги напаѓал противниците дури и пред да влез во рингот.

Јас секогаш ја минував границата. Се сеќавам дека Лери Холмс ми ја подаде раката и одбив да се поздравам. Бев таков, мрачен и сето тоа дојде поради несигурноста што ја чувствував, истакна Тајсон.

Јас секогаш ја минував границата. Се сеќавам дека Лери Холмс ми ја подаде раката и одбив да се поздравам. Бев таков, мрачен и сето тоа дојде поради несигурноста што ја чувствував. Затоа моето мото во текот на кариерата гласеше: „Убиј или биди убиен“, открива еден од најдобрите боксери во историјата

Најлошо беше во 2002 година кога Тајсон се пресмета на прес-конференција со Ленокс Луис, а потоа имаше проблем и со еден репортер.

Понекогаш сум „тежок“ човек“, смета Тајсон за тој период од неговиот живот.

Мајк неодамна се врати во рингот, одржа егзибициски натпревар со Рој Џонс, и најави уште неколку борби за оваа година.

Инаку, еден од најдобрите боксери во историјата пред само една недела повторно ја шокираше јавноста со една изјава.

-Изминативе пет години не користам кокаин, а воедно и не пијам алкохол. Сега сум посериозен, променет ми е целосно животот, откри Американецот.

Тој потоа додаде како гласело неговото мото во текот на кариерата, како и тоа кој му бил омилен боксер.

-Моето мото е „убиј или биди убиен“. Што се однесува до тоа кој ми е омилен, тоа е Џо Џонс, иако според мене можеби не е најдобриот. Тој имаше сè, би можел да го опишам како мајстор на овој спорт. Едноставно, одбиваше да изгуби, заврши Тајсон.