Американскиот  боксер Мајк Тајсон, во најдобрите денови од боксерската кариера беше страв и трепет за сите противници. Бруталните нокаути му го донесоа прекарот „Челичниот Мајк“, а тој овој имиџ дополнително го оправда и надвор од рингот, а имаше и сериозен проблем со законот. Тој во животот помина низ многу искушенија, а неодамна призна како бил на чекор до самоубиство и дека живото му го спасиле психоделици.

Тајсон има користено и „магични гиве“ и слични супстанци кои му помогнале ментално и духовно да биде посилен.

-Сите ме сметаа за луд. Му го одгризав увото на тој фраер, почна Мајк алудирајќи на славната борба против Ивандер Холифилд од 1997 година и продолжи:

Работев се и сешто, но живот ми се промени кога дознав за „магичните печурки“. Ужасно е и да се рече тоа, но бев на чекор од самоубиство, но ова ми го промени целиот живот. Неверојатен лек, а луѓето воопшто не го гледаат тоа, вели Тајсон.

Легендарниот боксер и претходно тврдеше дека имал искуство до разни други психоделици, а сега константно користи марихуана. Тој има голем бизинс со планатжи со марихуана кој му носи одлична заработувачка во пензионерските денови.