Бев доста љубезен до сега, се плашам од нов судар

526

Луис Хамилтон и Макс Верстапен ги очекува возбудлив финиш во Формула 1 шампионатот. На две трки до крајот на сезоната, Холанѓанецот води осум бода во однос на актуелниот шампион, но Битанецот стравува дека до крајот на сезоната може да има уште инциденти на патеката.

Имено, оваа сезона имаше неколку инциденти помеѓу двата пилоти на Мерцедес и Ред Бул. До судар дојде на трката во Монца, кога двајцата пилоти предвреме ја завршија трката. Вториот инцидент се случи на трката во Бразил кога Верстапен за малку ќе го истуркаше Хамилтон од патеката на еден свиок, но за среќа немаше контакт меѓу двата болида.

  • Треба да бидеме многу, многу внимателни, многу повнимателни од кога било досега. Мора да знаете што ќе се случи. Така, секогаш треба да бидете подготвени да избегнете судир по секоја цена, дури и ако тоа би значело надвор од патеката. Затоа што сакаме трка, нели?, истакна Хамилтон, па додаде:
  • Ако сте тврдоглави и се држите до својата позиција, ќе паднете. Така, се обидов да направам се за да избегнам судир. Мислам дека бев доста љубезен во сите ситуации. Не можете секогаш сè да правите совршено, истакна Британецот.

Возачот на Мерцедес имал тешка прва полусезона, но сега е далку подобро.

  • Првата полусезона беше најтешката што сум ја имал. Сега се чувствувам подобро, некако успеав да го пребродам сето тоа, заклучи Хамилтон.

До крајот на сезоната преостануваат две трки во Ф1 шампионатот, во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.