Британскиот тенисер Енди Мареј испрати благодарност до јавноста за хирургот Сара Мирхерд-Олвуд. Тој истакна дека таа има најголеми заслуги за неговото враќање во тенис по тешката повреда на колкот.

  • Зборував со хокеј играчот Едо Јовановски, кој имаше слична операција и се врати на терените по пауза од осум месеци. Тој ми рече дека постапката за рехабилитација е тешка, но и дека неговиот колк одлично функционира после тоа, истакна Британецот.

Јовановски не се задржа премногу во НХЛ по операцијата, но Мареј тврди дека тоа било затоа што тој во тоа време имал 39 години.

-Знаев дека ќе имам шанса да се вратам на теренот ако сторам сé што е правилно. Не знаев дали ќе успеам. Без работата на Сара, јас не би го сторил тоа. Морам да и се заблагодарам на неа повеќе од кој било друг, истакна Мареј.

Британецот призна дека не е меѓу најдобрите светски тенисери кога е во прашање менталната сила.

  • Бев иритиран од болката, ме иритираше дури и на тренинг. Бев лут, си велев: „Престани веќе“. Морав да седнам на столот и да размислам. Пцуев, викав, но сфатив дека ако успеам секој ден да се помрдам за милиметар дека на крајот ќе ја остварам целта, заврши на поранешниот прв рекет во светот.