Бебе Реџа преку интернет-врска им помагала на родителите заболени од коронавирус

353

Албанската поп ѕвезда Бебе Реџа, која пред многу години се отсели од Балканот, разоткри дека нејзините родители се заразиле со коронавирусот, но дека најпосле оздравеле. 30-годишната пејачка била многу исплашена за нив, а уште пострашно ѝ било затоа што не можела да им помогне, па со нив комуницирала само преку интернет-врска.

„Моите родители се разболеа и дури три недели се бореа со короната. Се чувствував беспомошно. Јас живеам во Лос Анџелес, а тие се во Њујорк, но во еден момент си реков дека ќе седнам во автомобилот и ќе возам преку цела Америка за да се грижам за нив. Но, тие ме убедија да не доаѓам за да не се разболам и јас, рекла таа за американските медиуми. Инаку и концертите на Реџа се исто така откажани како и на сите други во Америка. Бебе сега живее од заработените пари, а тие се многу.