Беба Балашевиќ: „Нема да ја одбележиме смртта на Ѓоле, немојте да палите свеќи тука!“

277

Во пресрет на годишнината од смртта на еден од најпознатите музичари на овие простори, легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, неговата ќерка Јелена – Беба Балашевиќ се огласи на Фејсбук и објасни зошто семејството нема да ја одбележи годишнината од неговата смрт.

„Прославувањето на денот кога ’Некој Твој‘ си заминал од овој свет не е нешто што некогаш се практикувало во нашата куќа. Не поради ’непочит‘, туку токму спротивното. Се сеќавате на тој ’Некој‘ секој ден, го сретнувате во безброј мали дневни настани – улицата по којашто минуваш, песната што сте ја коментирале, спортски настан, средба со заеднички ликови… И не, не ти треба тој датум во годината за да го одбележиш тој некој, за да го прославиш тој ден“, пишува Јелена.

Ако сакаме да ја покажеме нашата почит, благодарност, љубов и среќа што сме сакале Некого, пологично е тоа да биде денот кога тој пристигнал на овој свет… И не кога отишол од него…, продолжува таа.

Значи, само за оние кои на сето тоа гледаат поинаку: свеќите имаат место, знаете каде… Имајте почит и разбирање за нас што живееме во Јован Цвијиќ… Мислам дека нема потреба дополнително да објаснувам зошто … Тие свеќи ја имаат мојата придавка која сега избегнувам да ја користам, но се однесува на локацијата… А, тоа не е семејна куќа…напиша Беба Балашевиќ.

Ѓорѓе Балашевиќ почина лани на 19 февруари на 67-годишна возраст во Нови Сад. Ќерка му додава дека оние кои го слушале и го разбрале Ѓоле, ќе се сетат дека „оваа неизбежност“ во негов стил ја нарече – „формалност што треба да ја завршам“ и оти ќе има посоодветни денови за прослава.

„Што се однесува до мене, колку и да звучи грубо, оние кои избраа да го одбележат тој датум од сиот тој живот и неговото безвременско дело, не го разбрале Ѓоле. Не ме прашувајте од каде знам…“, заклучи таа.

Многумина ги поддржаа нејзините коментари и се согласија дека таа напишала сè што треба.