По разводот од Бред Пит, поради што беше во центарот на вниманието на јавноста веќе три години, Анџела Џоли не беше видена во машко друштво, туку само во придружба на децата.

Јавноста ја поврзуваше Анџелина со неколку мажи – прво со еден британски бизнисмен, потоа со уметник од Камбоџа, а во поново време и со колегите Колин Фарел и Кијану Ривс, што никогаш не беше потврдено.

Како што објави американското списание Нешнл инквајер, Анџелина сега се вљубила во телохранителот и, како што се наведува, тој е причината за нејзиниот добар изглед и расположение.

„Анџелина и тој секогаш се заедно. Секогаш кога е во негова близина, таа се однесува како заљубена тинејџерка“, вели неименуван извор за гореспоменатото списание.

Актерката и телохранителот се запознале на снимањето на филмот „Оние кои сакаат да бидам мртва“ во Њу Орлеанс, а потоа се појавила неговата девојка.

„Девојката се појави и како орел ги набљудуваше Анџелина и него“, додава изворот.