Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, се определи за пократок ростер од играчи на кои ќе смета на јулските квалификации за пласман на Светското првенство и дуелот е против Шпанија и Украина.

Во потесниот список на селекторот влегоа 14 кошаркари, а истите ќе бидат во конкуренција за гостувањето кај Шпанија на 1 јули, како и мечот со Украина која ни гостува во Скопје на 4 јули.

Ростер на играчи: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Страхил Николов, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Теодор Симиќ, Андреј Јакимовски, Рубин Стефанов.