Бајден формираше комисија за реформи на Врховниот суд на САД

29

Американскиот претседател Џо Бајден формираше комисија експерти за реформа на Врховниот суд на САД, институција чие функционирање е предмет на редовна критика.

Комисијата ќе има рок од шест месеци да даде препораки за реформа на тој суд, соопшти Белата куќа.

Новото тело, составено од демократски и републикански експерти, ќе ги испита чувствителните аспекти на можната реформа на Врховниот суд, вклучително и должината на мандатите на членовите, нивниот број, начинот на кој работи судот и правилата на институцијата.

Врховниот суд има девет судии назначени доживотно. Тие се назначени од претседателот на државата, а Сенатот го потврдува нивното назначување. Во моментов судот има шест конзервативни судии, од кои тројца беа назначени од поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.

Извор:МИА