Бајден: Русија се заканува на повелбата на ОН за меѓународен поредок, не само на Украина

45

Претседателот на САД, Џо Бајден, излезе со изјава  по повод седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на кризата околу Украина. 

-Во Советот за безбедност на ОН, САД денеска детално ја презентираа природата на руската закана за суверенитетот и територијалнио интегритет на Украина. Дадовме до знаење на меѓународната заедница за последиците од таа закана, не само за Украина туку и за основните принципи на Повелбата на ОН за современ меѓународен поредок, изјави Бајден. 

-Ако Русија има искрена намера да се решат прашањата што ги засегаат двете страни во областа на безбедноста, а преку дијалог, тогаш САД, нашите сојузници и партнери ќе продолжат да соработуваат со добра воља. Ако наместо тоа Русија се откаже од дипломатијата и ја нападне Украина, таа ќе биде одговорна и ќе се соочи со брзи и сериозни последици, предупреди Бајден. 

-САД и нашите сојузници и партнери продлжуваат со подготовките за секакво сценарио. Светот треба да има јасна претстава за акциите со закани од страна на Русија и да е подготвен да одговари на ризиците што тие акции ги носат за нас. Седницата на Советот за безбедност што се оддржува денеска е критичен чекор светот да се сплоти во една позиција: Осуда на примена на сила, повик за воена деескалација, поддршка за дипломатијата како најдобар начин да се оди напред и да се побара секоја од државите членки да има одговорен пристап и да не врши воена агресија кон своите соседи, изјави претседателот на САД.