Бајден: Г7 и НАТО мора да се држат заедно против руската агресија во Украина

21

Г7 и НАТО мора да се држат заедно против руската агресија во Украина, рече американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Баварија пред разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Рускиот претседател Владимир Путин се надеваше дека „НАТО и Г7 некако ќе се разделат, рече Бајден.

– Но, не се разделивме и нема да се разделиме, додаде тој.

– Мораме да се држиме заедно“, нагласи тој пред германскиот канцелар Шолц.

Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) денеска почнува во Елмау, Германија, а ќе трае до вторник.