Баша: Нема политичко решение се додека крадците на гласови не се најдат зад решетки

112

Часот на победата се наближува. Нема мир без правда. Нема политичко решение се додека крадците на изборите не се најдат зад затворските решетки. Битката ќе продолжи секој ден, секој час, во град и во село. Рама оди си.

Со оваа порака, од пред партиското седиште, лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, го заврши деветтиот „национален протест“ што се одржа синоќа, кој иако најмасовен мина мирно како никогаш до сега.

Во обраќањето Баша додаде уште еден услов во барањата на опозицијата која со месеци протестира против Владата и премиерот Еди Рама.

– 30 јуни е политички погреб на Еди Рама. Избори без опозиција нема и никогаш нема да има. Но вечерва со ваш благослов и барање, на нашиот политички став за решавање на оваа криза да нема преговори за заминувањето на Еди Рама, формирањето преодна влада која ќе спроведе слободни избори, го додаваме и условот за кој исто така нема преговори а тоа е ослободување на уапсените учесници на протестите и апсењето на крадците на гласови.Од прв до последен,- рече Баша.

Додаде дека насилното сценарио на Рама не се реализирало и на насобраните им се заблагодари за учеството на „гигантскиот протест“.

Протстот, на кој според организаторите присуствувале над 120.000 лица од сите делови на земјата, вообичаено почна пред Владата со обраќањето на Баша, кој до местото од каде се обрати, дојде со помалата ќерка,додека неговата сопругата со поголемата ќерка беа во толпата,онака како што претходно вети.

– Рама добро нека разбере, нема ни еден чекор назад. Нема избори на 30 јуни. Граѓанската алијанса е на нозе. Битката продолжува од град во град, од село во село. Демократијата против нарко државата, порача меѓу другото Баша.

Вообичаено протестантите маршираа со запалени мобилни телефони до пред Парламентот а потоа до седиштето на Демократската партија.

Пред почетокот на протестот членовите на младинскиот форум на Демократската партија пред Владата поставија импровизирана статуа на премиерот Еди Рама, висока 7 метри, како онаа на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа во центарот на Тирана а беше урната на стартот на плурализмот.

На импровизираната статуа поставена на голема гласачка кутија на која пишуваше „преродба“,што е изборно мото на социјалистите од последните избори, Рама во рацете држи две торби на едната пишува гласови а на другата – знакот на еврото. Статуата беше урната на идентичен на како и онаа на Хоџа, со јажиња.

Имаше многу пароли околу прислушуваните разговори од досиејата 339 и 184 објавени од германскиот веник „Билд“ за кражба на изборите во полза на владејачките социјалисти.

На голем душек, исто така, пред владата лежеа млади со маски со ликот на Рама и на негови соработнци кои се споменуваат во прислушуваните разговори, симболично како да се во затвор.

Додека опозицијата протестираше во Тирана премиерот Еди Рама со хеликоптер замина во градот Бутрнти,каде заедно со сопругата Линда и најмалиот син Зако присуствуваа на  концертот на Карла Бруни, сопруга на поранешниот француски претседател Николас Саркози.