Батшуаи како позајмен

59

Предводникот на францускиот гигант Монако, Тјери Анри, сака во пролетниот дел од актуелната сезона на располагање да ги има и услугите на белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Мичу Батшуаи.

Брзоногиот напаѓач на почетокот од актуелната сезона беше позајмен на шпанскиот прволигаш Валенсија, но челниците на популарните “лилјаци” пред неколку дена ја прекинаа позајмицата. Во следните неколку дена Монако ќе испрати официјална понуда за 6-месечна позајмица на Батшуаи.