Бартомеу правеше криминални одлуки како таа за Халанд и Боатенг

49

Поранешниот директор на каталонскиот гигант Барселона, Хавиер Бордас, повторно го привлече вниманието на спортската јавност но сега со изјавата дека Жозеп Марија Бартомеу е главниот виновник за нереализираниот трансфер на норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд.

  • Можевме да го донесеме Халанд и тоа е вистина. Не го направивме тоа бидејќи ни беше кажано дека тој не е фудбалер за Барселона. Разбирам дека Бартомеу ги игнорираше сите совети од останатите членови на клубот, но правеше и некои криминални одлуки како таа за Халанд и Боатенг. Сите знаеме како тоа заврши, го доведе Боатенг, а сега Халанд дава голови, изјави Бордас.