Светскиот тениски рекет број еден Австралијката Ешли Барти, веднаш по освојувањето на Вимблдон, потврди дека ќе настапи на Олимписките игри во Токио.  Таа во финалето на турнирот во Лондон ја совлада Чехињата Каролина Плишкова со 6:3, 6:7, 6:3 и ја осови совјата втора грен слем титула во кариерата.

-Тоа што ќе можам во Јапонија да ја претставувам Австралија е едно неверојатно искуство. Важно е што во наредниот период ќе можам да ја прославам титулата на Вимблдон. Имам зацртано многу планови со својот тим и се надевам дека ќе ги остварам, но понекогаш мора да одвојам неколку дена за да се одморам и да го прославам успехот, изјави 25 – годишната Барти.

Барти ќе се обиде после Штефи Граф (1988), Венус Вилијамс (2000) и Серена Вилијамс (2012) да стане четвртата тнисерка која го освои Вимблдон и олимпиското злато во иста година.

-Физички се чувствувам многу добро. Нормално секогаш може да се повредите во неочекуван момент. Таков е животот на професионалните спортисти. Јас можам да ветам дека ќе се подготвам најдобро што можам за Игрите во Токио, истакна Барти.