Кошаркарот на Барселона, Алекс Абрињес, истакна дека потешко е да се освои шпанската АЦБ лига отколку Евролигата. Тој освен Уникаха и Барселона ги бранеше боите и на Оклахома во НБА лигата.

  • Искрено верувам дека Барселона полесно ќе ја освои Евролигата отколку АЦБ лигата. Многу често во финалето се наоѓаат Барселона и Реал Мадрид, и да знаете – многу е потешко да се победи Реал во три добиени. Од друга страна, да се победи Реал и Ефец на еден меч на Ф4 е далеку полесно, истакна Абрињес.