Екипата на Барселона поведе со 1-0 во финалната серија во шпанската кошаркарска АЦБ лига, откако славеа на гости против Реал Мадрид со 75:89.

Каталонците до победата ги предводеше Хигинс со 26 поени и два скока, Дејвис додаде 13 поени, а Калатес додаде 12 поени. Во редовите на Реал, Таварес беше расположен со дабл-дабл ефект од 16 поени и 11 скока.

Вториот натпревар од финалната серија ќе се одигра утре со почеток во 22 часот.