Барселона нема пари за Никола Миротиќ

40

Каталонскиот спортски гигант Барселона е во голема финансиска криза. Затоа фудбалскиот клуб ова лето остана без услугите на еден од најдобрите фудбалери во светот Аргентинецот Лионел Меси и Французинот Антоан Гризман, а истите проблеми ги има и кошаркарската секција на овој клуб.

Екипата веќе ја напуштија Адам Ханг и Виктор Клевер, а лесно може да се случи да си замине и најплатениот играч во тимот Никола Миротиќ. Поранешниот репрезентативец на Шпанија, убедливо е најплатениот играч во тимот со плата од 3,8 милиони евра по сезона и поприличнио е оптеретување за буџетот на клубот.

Клубот се обидува да се договри со 30 – годишниот кошаркар за смалување на платата. Тој сака да остане во Барселона, но за да се случи тоа ќе мора да прифати драстично помал догворо од актуелниот.

Меѓутоа шпанскиот интернационалец не сака ниту да слушне за намалување на платата. Засега тој ги одбива сите предлози на управата на клубот.

Шпанскиот весник „АС“ пишува дека односите меѓу Миротиќ и Барселона, моментно се многу затегнати заради разговорите за намалување на платата, а едно каталонско радио објави дека се размислува и за раскинување на договорот заради лоша игра.

Миротиќ професионлната кариера ја почна во Реал Мадрид, а во Барселона стигна во 2019 година, откако одигра пет сезони во НБА лигата, каде што настапуваше за Чикаго Булс, Њу Орлеанс и Милвоки. Неговиот договор е со важност до 2025 година

Миротиќ пред да пристигна во Барселона, одби понуда од 45 милиони долари, од тим во НБА лигата – Јута.

Тој изминатата сезона во дресот на Барселона бележеше 19,5 поени и 5,9 скокови по натпревар.