Барселона извесен период без повредениот Де Јонг

94

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, го повреди бутниот мускул на десната нога на дерби натпреварот против Реал Мадрид, соопшти денеска каталонскиот клуб.

Барселона го загуби вчерашното „Ел класико“ со 2-1, а Де Јонг поради повредата беше повлечен од теренот во 77 минута.

Каталонскиот клуб во краткото соопштение наведе дека станува збор за истегнување на бутниот мускул, непрецизирајќи колку долго холандскиот фудбалер ќе отсуствува од теренот.

Извесно е дека Де Јонг нема да биде во комбинација за првенствениот натпревар в среда против Рајо Ваљекано на чиј гол стандарден сезонава е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.