epa08260523 Barcelona's Luka Cindric (C) in action against Pick Szeged's Jorge Maqueda (L) and Mario Sostaric (R) during a EHF Champions League match between Barcelona and Pick Szeged at the Palau Blaugrana sports facilities in Barcelona, Catalonia, north eastern Spain, 29 February 2020. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Сензационална вест пристигна од Шпанија, поточно од ракометниот клуб Барселона, кој на крајот од сезоната го раскинува договорот со хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ. Оваа вест ја објави шпански весник „Спорт“ кој пишува дека управата на каталонскиот клуб го известила Хрватот дека веќе може да почне да бара нов клуб.

Ваквата одлука на Барселона, пишува „Спорт“, била поттикната од бројните повреди на хрватскиот репрезентативец, а истиот извор ја цитира изјавата на поранешниот легендарен голман на Барса, сега спортски директор Давид Баруфет, дека Хрватот поминал повеќе време на велосипедот за вежбање отколку на теренот.

Исто така, „Спорт“ пишува дека раскинувањето на договорот со хрватскиот репрезентативец значително ќе ја олесни финансиската состојба во клубот, а на местото на Циндриќ ќе дојдат неодамна потпишаниот Пол Валера од Гранољерс и Словенецот Домен Макуц на позицијата среден бек. Дополнително, во Барселона веруваат дека во средината можат да играат Словенецот Блаж Јанц и Французинот Мелвин Ричардсон, па дури и Дика Мем.

Циндриќ во Барселона пристигна во 2019 година од Киелце и потпиша договор до 2023. Пред три години потпиша нов подобрен договор со Каталонците до 2025 година, но најверојатно нема да го комплетира.

Циндриќ досега освои две титули во Лигата на шампионите, три шампионски титули, три Купа на кралот, три лига купа со Барселона, сезоната во клубот сигурно ќе ја заврши со уште една домашна титула, а тие се и фаворити за уште една Лига на шампиони. Циндриќ беше клучен играч на Вардар во походот кон европската круна во 2017 година, а потоа беше избран за играч на годината од страна на ЕХФ.