Барса ќе купи шест или седум нови фудбалери

90

Каталонскиот гигант Барселона планира за време на летниот преоден рок да купи шест или седум нови фудбалер, затоа што шефот на стручниот штаб, Чави Хернандез сака да има двајца квалитетни фудбалери на секоја позиција, пишува „Ел Мундо Депортиво“. Доколку биде исполнета желбата на Чави, Барса тогаш ќе има нов голман, централен дефанзивец, играч за врска, нови два бека и две нови опции во нападот.

Резервниот голман, бразилскиот интернационалец Нето, сигурно ќе си замине од „Ноу Камп“ за време на летниот преоден рок, а конкуренција на првиот голман, Марк Андре тер-Штеген, треба да биде Ињаки Пена, кој моментално настапува како позајмен играч во редовите на турскиот гигант Галатасарај.

Пике, Ерик Гарсија и Роналд Араухо се сигурни на својата позиција, излезната врата од клупската соблекувална ќе им биде покажана на Ленгле, Умтити и Мингеза. Централната бековска позција ќе биде пополнета од данскиот интернационалец Андрес Кристенсен кој ќе пристигне од редовите на Челзи како слободен фудбалер.

Кога е во прашање бековската позиција, Цезар Асполикуета од Челзи е дефиниран како идеална опција за десната страна, додека Чави сака леваната бековска позиција да биде пополнета од Хозе Луис Гаја кој моментално го носи дресот на Валенсија. Освен Гаја, во игра за истата позиција се и Хави Галан, Алекс Телес, Грималдо, Таљафико и Алекс Морено.

Бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед, Рапфиња, е најголема желба кога е во прашање средниот ред. Норвешкиот интернационалец од редовите на Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд, ќе остане само пуста желба кога е во прашање нападот, но не и бомбардерот на Баерн (М), Роберт Левандовски кој може да биде купен за околу 40 мил. евра.