Барса ја пронајде замената за Суарез

159

Каталонскиот гигант Барселона се соочува со сериозен проблем после непријатната елиминација во полуфиналната рунда од шпанскиот Суперкуп.

Угургвајскиот интернационалец, Луис Суарез, се пожали се на сериозна болка во колентото за време на дуелот против екипата на Атлетико (М), а веќе следниот ден беше опериран.

Нема добро време за повреда, но повредата на искусниот напаѓач е во најлош момент за актуелниот шампион на Шпанија. Барселона во следните неколку месеци ќе се обиде прво да ја одбрани титулата во шпанската Примера дивизион, а потоа ќе се обиде да слави и во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Според првите информации кои пристигнуваат од „Ноу Камп“, Уругавецот ќе мора да паузира во следните четри месеци, а тоа значи дека за него сезоната е завршена.

Луис Суарез пристигна во редовите на каталонскиот гигант во 2014 година од редовите на Ливерпул и тоа за 80 мил. евра. Во дресот на Барселона има одиграно 270 натпревари, на кои постигна 191 погодок и запиша 107 асистенции.

Поради фактот дека нема да можат да сметаат на неговите услуги подолг период, раководните лица на Барса веќе ја започнаа потрагата по неговиот наследник кој мора да биде купен најкасно до 31. јануари, кога и официјално завршува зимскиот преоден рок.

Шпанските медиуми се убедени дека челниците на Барселона ќе се обидат да ги осигураат услугите на брзоногиот напаѓач од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој не крие дека сака да си замине од „Емирати“ за време на зимскиот преоден рок. Интернационалецот од Габон ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели на „Ноу Камп“ само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 80 мил. евра.