Барса ја договори големата ѕвезда, но има еден услов

222
epa10532888 FC Barcelona's players celebrate the 1-1 goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Real Madrid, in Barcelona, Spain, 19 March 2023. EPA-EFE/Siu Wu

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона веќе го договори првото големо засилувања и на тој начин ја исполни големата желба на шефот на стручниот штаб, Чави Хернандез. Истите медиуми тврдат дека Дани Олмо за време на летниот преоден рок ќе се пресели на „Ноу Камп“.

Актуелниот договор на шпанскиот интернационалец од германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг е со важност до 2024 година и доколку не биде продолжена соработката, офанзивниот играч за врска ќе биде продаден ова лето.

Олмо на одиграните 112 натпревари за РБ Лајпциг постигна 20 погодоци и запиша 24 асистенции. Освен тие на Барселона, голем интерес за неговите услуги покажуваат и раководните лица на Реал (М), Баерн (М) и Челзи, но каталонскиот „Мундо Депортиво“ го откри тајниот план на Чави кој е наречен „Top secret“.

Барса сака да го врати фудбалерот кој како 16-годишник си замина од „Ноу Камп“ и потпиша за Динамо од Загреб.

Каталонците во 2021 ја испратија последната официјална понуда за Олмо, но двата клуба не постигнаа договор околу обештетувањето кое за Барса беше преголемо.

Според тајниот план, Барса на почетокот од летниот преоден рок ќе испрати нова понуда за Олмо и доколку биде одбиена, Шпанецот нема да потпише нов договор и во 2024 година ќе се врати на „Ноу Камп“ како слободен играч.

-Барселона на лето сака да ангажира крило кое може да игра зад напаѓачите. Олмо совршено одговара на тој профил, но РБ Лајпциг бара 40 мил. евра, а Барса не може тоа да си го дозволи. Од друга страна, Реал (М) и Баерн (М), можат да си го дозволат, пишуваат шпанските новинари.