Барса се откажа од Де Лигт

140

Каталонскиот гигант Барселона, нема да биде следната дестинација на капитенот на новиот шампион на Холандија, тимот на Ајакс, Матијас де Лигт, пренесува ЕСПН.

Според истиот извор, Барса не е подготвена да одвои толкава парична сума за обештетувањето, каква што најавиле раководните лица на Ливерпул и на Јувентус.

Освен околу обештетувањето, Барса никако не може да најде заеднички јазик со агентот на Де Лигт, Мино Раиола, кој побарал дури 20% провизија за реализација на трансферот.
Раководните лица на Ајакс сметаат дека обештетувањето за репрезентативецот на Холандија не смее да биде помало од 80 мил. евра.