Барса против Кјелце за рекордна 11.титула во ракометната Лига на шампионите

115

Десеткратниот европски шампион Барселона и полскиот првак Кјелце ќе играат во утрешното финале на ракометниот Ф4 турнир во Келн за титулата во Лигата на шампионите.

Во полуфиналните дуели, Барселона доминираше во дуелот со Кил и славеше со 34-30 за ново финале во ЛШ и борба за рекордна 11.титула. Клејце со пресврт во второто полувреме го победи Веспрем со 37-35.

Гомез Абељо до 12 гола и Перез де Варгас со 11 одбрани ја креираа победата на Барселона. Кај Кил, Винчек постигна седум, а Рајнкинд додаде шест гола.

Во ефикасното издание на Кјелце, листата на стрелците ја предводеа Морито и Шмид со по осум гола, а кај Веспрем најефикасни беа Ненадиќ и Штрлек со по седум погодоци.

Финалето на Ф4 меѓу Барселона и Кјелце е утре со почеток во 18 часот, а дуелот меѓу Кил и Веспрем за 3.место почнува во 15.15 часот.