Каталонскиот ракометен гигант Барселона, ќе остане без двете леви крила, кои беа дел од тимот на завршниот турнир во Лигата на шампионите годинава, каде што шпанскиот тим ја осови десетта титула во ова натпреварување.

Алекс Пасквал ке замине со својот татко Чави во Динамо Букурешт, додека Каспер Мортенсен исто така објави дека неговото време во Барса заврши по три сезони.

-Во овој клуб додов со една цел, да ја освојам Лигата на шампионите. Го направив тоа и сега е време да си замина, изјави Мортесен.