Барса не се откажува од Неимар

57

Поголемиот дел од шпанските медиуми се убедени дека каталонскиот гигант Барселона и за време на летниот преоден рок ќе се обиде да ги осигури услугите на најскапиот фудбалер на денешницата и најголема ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Неимар.

Веќе е јавна тајна дека Барса сака повторно да ги осигури услугите на Бразилецот кој пак не крие дека сака да се врати на „Ноу Камп“. Во таборот на Барса се убедени дека се потребни околу 180 мил. евра за да повторно се осигурат услугите на Неимар.