Барса и Реал (М) во војна поради Олмо

37

Најдобриот фудбалер во дресот на актуелниот шампион на Хрватска, тимот на Динамо (З), Дани Олмо, ги принуди најголемите ривали во Примера дивизион, Барселона и Реал (М), да водат војна за неговиот потпис. Офанзивниот играч за врска се пресели на “Максимир” во 2014 година, а пристигна од редовите на малдинскиот тим на Барса, “Ла Масија” за 200.000 евра.

Како што пренесува Л’Екип, актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), е подготвен да одвои околу 26 мил. евра за обесштетувањето на Олмо, но се погласни се и шпекулациите дека Барселона сака да го врати на “Ноу Камп”.

Станува збор за фудбалер кој може да игра на сите позиции во средниот ред, а на одиграните 26 натпревари во актуелната сезона, Олмо, постигна четири погодоци и запиша седум асистенции. Доколку биде прифатена понудата на “кралскиот клуб”, челниците на Динамо (З) ќе го реализираат најскапиот трансфер во клупската историја. Интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и на Баерн (М).