Барса го нуди Кутињо

279

Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Ливерпул откри дека раководните лица сериозно ја разгледуваат и опцијата за кам-бек на бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо. Каталонскиот гигант Барселона се уште му должи на Ливерпул околу 42 мил. евра за трансферот на Кутињо, но поради лошата финансиска ситуација, челниците на Барса се подготвени да го вратат Бразилецот на „Енфилд“ доколку Ливерпул се откаже од 42 мил. фунти.