Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Словенката Барбара Лазовиќ, ќе го облече дресот на репрезентацијата на Црна Гора. Десниот бек ќе биде големо засилување за Црногорките, откако легендарната Катарина Булатовиќ најави крај на кариерата.

Во јуни оваа година ќе се навршат три години од последниот меч што Лазовиќ го одиграала за Словенија. Според правилата на ЕХФ таа од јуни ќе може да настапува за Црна Гора.

Лазовиќ во кариерата покрај за Вардар и Будуќност настапуваше и за Брежице, Крим, Зајечар и Букурешт.