Иако се сметаат за „експерти“ во други области, овие три хороскопски знаци едноставно не знаат како да го ценат пријателството. Тие често ги менуваат друштвата, игнорирајќи го фактот дека ја повредиле личноста што ги сакала како пријател.

Ако барате искрен и лојален пријател, избегнувајте ги луѓето родени во следниве знаци на Зодијакот.

Водолија

Водолиите се дефинитивно најлошите пријатели што може да ги имате. Тие се многу егоистични и во сè гледаат корист, па така и во пријателската врска. Тие не се заинтересирани за вашите проблеми, и ако им станете напорни, тие се ќе ви кажат во лице и засекогаш ќе ви го свртат грбот.

Стрелец

Стрелците се свесни за нивниот „антиталент“ кога станува збор за пријателството, но тоа нема да ви го откријат веднаш. Тие не го ценат туѓото време, честопати доцнат, а понекогаш дури и не се појавуваат, а воопшто не ги интересира дали со тоа ќе ги повредат другите. Бидете внимателни со нив и нивното пријателство примете го со резервата.

Близнаци

Можеби на почетокот изгледаат како одлични пријатели, но не дозволувајте да ве измами првиот впечаток. Близнаците секогаш се скептични кога станува збор за пријателство, тие не му веруваат целосно на никој и затоа ретко кого сфаќаат за сериозно. Тие секогаш се омилени во друштвото, но едно исто друштво брзо им станува досадно, па без размислување го менуваат.