Бараа, а не добија нешто повеќе евра: музичарите Горан Тодоровски и Ѓорѓи Крстевски!

85

На социјалните мрежи а, и во македонската јавност воопшто не стивнуваат реакциите откако Министерството за култура минатата недела го објави списокот со проекти од национален интерес во културата за 2019 година. Најчесто се коментира дека се ова е скандалозно и срамно, дека си играат мајтап со народните пари и слично.Па така за своите овогодинешни јубилеји ќе бидат субвенционирани и познатите македонски пејачи-музичари Горан Тодоровски и Ѓорѓи Крстевски.

За двојно музичко цеде со кое ќе прослави 25 години естрадна кариера, Министерството за култура му одобрило на фолкерот Горан Тодоровски речиси две илјади евра (120.000 денари). Овој албум добил зелено светло кај комисијата која одлучувала кои проекти од областа на музичко-сценската дејност се од национален интерес за културата во 2019 година. Меѓутоа Тодоровски во поднесената пријава побарал 10.000 евра државни пари за оваа намена, а завршил само со две илјади евра. Државата одобрила средства и за 20 години музичка кариера на поп-кантавторот Ѓорѓи Крстевски. Тој за својот проект “Побарај ме” побарал од Министерството за култура 140.000 денари, а комисијата му одобрила само 60.000 денари. Разбранувањата продолжуваат со иста жестина…..