Банка во Британија прифати четиридневна работна недела – без намалување на платата

96

Најголемата компанија која во Велика Британија одлучи да ја скрати работната недела е банка, со намера да ја подобри психичката и физичката благосостојба на вработените.

Британската Атом банка одлучи нејзините вработени сега да работат четири дена во неделата без да им ги намалат платите. Медиумите од островот пишуваат дека ова е првата голема компанија која се одлучила на ваков потег.

Атом банка најави дека за своите 430 вработени ќе го намали бројот на работни часови неделно од 37,5 на 34 и дека очекуваат повеќето работници да земаат слободни денови во понеделник или петок.

Оваа политика, која стапи на сила на 1 ноември, беше воведена за да се поддржи „менталната и физичката благосостојба“ на вработените во Атом банка и да се подобри продуктивноста, соопшти компанијата.

„Четиридневната недела ќе им обезбеди на нашите вработени повеќе можности да ги следат своите страсти, да поминуваат време со своите семејства и да изградат поздрав баланс помеѓу работата и животот“, рече извршниот директор на Atom Bank, Марк Мулен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Atom bank (@atom.bank)