Балотели тренира со новиот калчолигаш

88

Повремениот италијански репрезентативец Марио Балотели формата ја одржува тренирајќи со тимот на Бреша. Дека е така потврдија и фотографиите од тренингот на новиот калчолигаш кои се појавија на социјалните мрежи.

Фудбалерот има важечки договор со Олимпик од  Марсеј до 1 јули по што ќе стане слободен играч.

Дваесет и осумгодишниот Балотели во неколку наврати има изјавувано дека сонува кариерата да ја заврши во Бреша.

Во текот на кариерата контроверзниот играч има настапувано за Ница, Милан, Ливерпул, Манчестер Сити, Интер.