Балотели се сели во Романија

27

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Марио Балотели е во преговори со Клуж. Според „РМЦ“, романскиот клуб е подготвен да понуди договор на 29-годишниот Балотели, кој пред неколку недели доби отказ од челниците на новиот италијански второлигаш Бреша.

Балотели и се придружи на Бреша летото 2019 година, а на одиграните 19 натпревари постигна пет погодоци. Во јуни, 29-годишниот Италијанец престана да се појавува на тренинзи и одби да го раскине договорот со клубот со меѓусебна согласност на страните.