Балотели одговори со среден прст

85

Поранешниот играч на Интер, Марио Балотели покажа среднен прст пред навивачите на миланскиот клуб за време на натпреварот против неговата Бреша. Ова беше одговор на многуте навреди упатени до него од страна на тифозите. Се слушнаа премногу пцости упатени на негова адреса, со кои успеаја да го извадат од рамнотежа.

Напаѓачот помина три сезони со тимот на Интер помеѓу 2007 и 2010 година, по што беше продаден во Манчестер Сити. Подоцна во својата кариера, Балотели се пресели во Милан, со што предизвика гнев кај навивачите на Интер.