Поранешната девојка на Марио Балотели, Рафаела Фико, призна дека се уште лудува по италијанскиот фудбалер. Убавицата со кадрава коса, која има дете од голгетерот, во ТВ-емисија призна дека никогаш немала посилна и постраствена врска од таа со Балотели.

  • Тој беше мојата голема љубов. Имав и други врски по него, но не се дадов на никого онака како што му се дадов нему. Никогаш не сум била заљубена во овие луѓе како што сум била во него, признава Рафаела.

Таа исто така призна дека по затегнатите односи по завршувањето на нивната врска, тие двајца сега совршено се разбираат.

  • Поминаа неколку години, ја разјаснивме нашата врска. Тој се извини и рече дека сфатил што ми направи. Го сакам како брат, додаде Фико.