Годината има 365 дена. Дневно спиете по 8 часа, што годишно изнесува 122 дена. Остануваат 243 дена. Дневно имате одмор од 8 часа, што изнесува дополнителни 122 дена. Останува 121 ден. Во годината има 52 недели кога исто така не се работи, па остануваат 69 дена. Саботите во годината се 52, кога пак не се работи и остануваат 17 дена. Дневно имате половина час пауза што годишно изнесува 7 дена. Во оваа пресметка остануваат 10 слободни дена и практично ниту еден работен ден !

По потреба секој празник може да биде повод, доколку Владата така реши,  за повеќедневно безделничење. Не работиме ни за државни празници, а многу и не се кршиме од работа вон празниците. И да бидеме искрени. И кога работиме – неработиме. Со чест на исклучоци!

Годината има 365 дена. Дневно спиете по 8 часа, што годишно изнесува 122 дена. Остануваат 243 дена. Дневно имате одмор од 8 часа, што изнесува дополнителни 122 дена. Останува 121 ден. Во годината има 52 недели кога исто така не се работи, па остануваат 69 дена. Саботите во годината се 52, кога пак не се работи и остануваат 17 дена. Дневно имате половина час пауза што годишно изнесува 7 дена. Во оваа пресметка остануваат 10 слободни дена и практично ниту еден работен ден !

Барем така е во моментов кај нас, па дури и „неработењето“ е поприлично лабаво. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од минатата година кога имавме само четири продолжени викенди. А годинава имавме уште еден неработен ден- бонус со посетата на Папата во Скопје, па така, доколку не се издаде повторно некоја нова одлука на Владата, 2019 е шампион по неработни денови – цели дванаесет дена!

Чуден е нашиот однос кон работата и празниците. По правило, повеќето празниците се  продолжуваат со мини одмор од десетина дена.Ова би била добра  причина за самоубиство, но секако не за еден просечен Македонец, туку за еден просечен Јапонец, или Американец.

Оваа 2019 година ја пречекавме исто така со речиси полумесечен одмор (сетете се на јануарското спојување на државните, верските празници. Додека во западните земји е вообичаено не се работи главно за Божик и Велигден кај нас имаме интересна компилација на мешање баби и жаби. По потреба секој празник може да биде повод, доколку Владата така реши,  за повеќедневно безделничење. Божик, Нова Година, Први мај, Велигден, 24 Мај,  Рамазан Бајрам, Втори Август, Осми Септември, 11 Октомври, 23 Октомври, Осми Декември.

За волја на вистината и доколку јавно не се прогласени за неработни, многу денови се вбројуваат во оваа категорија. Да речеме, кога некој има Слава, како што кај нас е Свети Никола, се знае дека се што е врзано околу овој настан има предност пред работата и работното време. Или пак за Осми Март. Училиштата не работат, жените се поштедени, мажите се “вработени” но со купување подароци и цвеќиња. Угостителските објекти се полни и три дена пред празник. Каква работа!? Кафеаната пак како институција е посебна приказна и посебна тема. Ако се даваа дневници за седење во кафеана во текот на работното време, Македонците ќе беа, горе- доле многу богати луѓе.

Почитувањето на традицијата е неопходна основа на секое општество, меѓутоа, ако со вакво празнување се земени предвид заштитата на правата на луѓето на верски и останати празници, очигледно дека сме отишле во друга крајност, бидејќи речиси еднакво право е правото на работа и заработувачка, како гарант за опстанокот на поединецот и општеството.

Иако многумина ќе се сложат дека во Македонија има малку причини за славење од кој било вид и дека животниот стандард едвај ни овозможува да преживиме, сите строго се придржуваат кон законите и кон “обзнаните” кога владата ќе прогласи неработни денови. Народските критики врз врхушката веднаш престануваат и сите летаргично уживаат во “заслужениот” одмор.А како што тргнало времето и темпото на продолжено празнување наскоро ќе се поздравуваме со: Среќен Јануари, Среќен Мај, Среќен Август и Среќен Септември.

Светски искуства

Навистина, светските искуства кажуваат дека претераната работа не е здрава. Јапонците не сакаат да одат на одмор ни десет дена, дури кога и државата на тоа ги присилува.  Американците пак кои ги претекнаа Јапонците почнаа да “горат” на работа (поминувајќи годишно просечно 1.966 часа, најмногу во светот) но не ги надминаа во продуктивноста.

Според ова истражување, во САД се работи околу 360 работни часови повеќе отколку во најразвиените европски земји. Колку за споредба, тоа во просек значи полни девет работни недели повеќе во годината отколку што работат вработените Германци, Французи, Англичани, Холанѓани и останати. Американските искуства велат дека вработените доаѓаат половина час пред работното време, а се останува и по работата, што посебно важи за шефовите. Одморите и не се спомнуваат. Речиси никој не го користи годишниот одмор до даска кој максимум  трае 15 дена. Постои стравување дека кога ќе се вратиш на работа, твоето место пред компјутерот може да го земе некој друг.

Најубедливи се Германците. Тие веќе со децении го намалуваат работното време, но сеедно, продуктивноста расте. Прецизните сметки тврдат дека Германците работат најкратко во светот, но учинокот им е поголем отколку во повеќето развиени земји!

Најмалку празници се забележани во Велика Британија (0) и Холандија (8), но Британците имаат 28 дена платен одмор. На глобално ниво, најмногу се празнува во Азија (8), во Латинска Америка (4), Западна Европа (3), Централна и Источна Европа (3), а на Блискиот Исток и Африка (2)

Синдикат

Случајно или намерно  кај нас кружи вицот или урбаната легенда за случката околу посетата на некој деловен партнер, супервизор од Јапонија. Нашиве, од сабајле почнале прво по традиција да го нудат со кафе. Овој одбил. Потоа го викнале на деловен појадок, овој одбил, потоа на уште едно кафе, па на пијачка, а овој пак одбил.Така цело време. Кога го запрашале што е проблемот Јапонецот културно одговорил: “Не сум зачленет во вашиот синдикат и не можам да штрајкувам со вас”.

А дали секоја среда ќе биде работна?

Се собрале Црногорците, но истото може да важи и за Македонците, да донесат важна одлука, односно кои денови во неделата ќе бидат работни, а кои неработни. Кога ги усогласиле ставовите го дале предлогот на гласање: сабота и недела секако се неработни денови, понеделник е одмор од одморот, вторник е подготовка за работа, среда е работна, четврток е одмор од работа, петок е подготовка за одмор. По образложението се јавил некој глас од позади:” А да прашам, дали секоја среда ќе биде работна?